★★★★★
Average rating on the App Store. Apple doesn't publish how many ratings each star has.
This app isn't in any of our charts yet.
Целосно нова апликација, изградена одново за iPhone и iPad. Сè што го користевте е тука, само побрзо и со нов, појасен изглед. • Вестите се вчитуваат побрзо, а веќе отворените можете да ги читате и без интернет. • Нов проред на текстот, покрај големината на насловот и на содржината, за читање по ваша мерка. • Темен режим: вклучен, исклучен или според системот. • „Прочитај подоцна“ ги чува вестите што сакате да ги прочитате кога ќе имате време. • „Омилени категории“: известување за секоја нова објава во темите што ве интересираат, а со активните часови одредувате кога. • Пребарување низ сите објави и поврзани вести под секоја статија. • Нов екран „Контакт“ со податоците за редакцијата. • Зачуваните вести и поставките од претходната верзија се пренесуваат автоматски. Ви благодариме што нè читате!
Апликација на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК, платформа за слободоумни, една од ретките професионални дигитални медиуми во Македонија. Редакцијата продуцира оригинална содржина на македонски јазик од професионални новинари и фоторепортери. Содржината вклучува дневни вести, истражувачки стории, интервјуа, оригинални фотографии на домашни теми, како и светски вести од сите полиња на социјалниот живот. Исто така, ја вклучува и најпопуларната и најдолготрајната колумна во историјата на македонското новинарство „Сакам да кажам“ на Горан Михајловски, заедно со аудиоверзија прочитана од авторот. Редакцијата има сопствена дописничка мрежа која покрива локални приказни на дневна основа.